Тел: +389 2 278 50 50
ЗА НАС

        Претпријатието "КОРНИ" од своето формирање во 1991 год. до денес израсна во фирма која е забележлива на македонскиот пазар по приозводите што ги нуди,а во добар дел и во комплетниот свој имиџ кој го поседува во редот на многуте фирми од истата бранша во Македонија. Годините зад нас се доволни за да се селектираат сериозни и квалитетни производители од Европа, од чии асортимани "КОРНИ" ги презентира производите на македонскиот пазар.

        Во овој момент "КОРНИ" функционира во новоотворениот деловен простор и тоа цца 800 м2 изложбен салон,1200 м2 магацински простор и 400 м административен простор на локација:ул.Првомајска бб, Скопје.

        Претпријатието има 16 вработени кои со својата работа овозможуваат движење на фирмата по нагорна линија.

        Во асортиманот на керамички и гранитни плочки кои се нудат во продажниот салон на <Корни<, купувачите имаат можност да се сретнат со производите на Philkeram-Johnson, Deco ceramica-Грција, Rocersa и Blau Ceramica, Ibero, Masil-Шпанија(како континуирани програми во работењето), но и со многу други производители(Alfa ceramica, SINTESI- Италија ) кои придонесуваат за уште пошаренолика и богата понуда и задоволување на различните вкусови и дизајнерски можности.

        Продажниот асортиман е надополнет со санитарна опрема со висок квалитет(акрилни кади и туш кади,туш кабини и паравани со плексиглас и калено стакло,масажни системи за кади ,сауни,мебели з купатила,батерии, порцеланска санитарија-мијалници, моноблок системи..) од реномирани производители:Animus-Грција, Titan-Италија, Serel, Genezis-Турција, Roca(Kalevit)-Шпанија..

        "КОРНИ" располага со различни типови на лепаци, хидроизолации(стандардни,акрилни и епоксидни)маси за фугирање, силикони , па дури и опрема за оперативата(машини за сечење плочки,сунѓери,гумирани шпакли за фугирање..), специфични материјали за изведба на базени и сл. Од производителите:Industrial Majning -Грција и Ardeks-Австрија.

        За успесите на фирмата секако зборува и референтната листа на сработени објекти ширум Македонија, опремени со различни типови производи , при тоа внимавајќи на намената и стандардите кои треба истите да ги исполнат во својата понатамошна функција. Сите материјали што ги нуди "КОРНИ", располагаат со соодветни цертификати и атести, поткрепени со гаранции од производителите.